(Се кажува во време на подготовка за месењето на просфората)
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на благата и на живот подателу, пријди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè. (три пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј нè, Господи, очисти ги гревовите наши, Владико, прости ги беззаконијата наши, Свети, посети и исцели ги немоќите наши, заради името Tвое.
Господи, помилуј. Господи, помилуј. Господи, помилуј.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Отче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насуштен, дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.
И молитвата:
Господи, ти благодарам во овој свет час, кога ме удостои со грешните мои раце да ги замесам Пречистите Дарови на Твојата љубов. Ти се молам, испрати Го Твојот Пресвет Дух, Кој ги благословува сите Таинства на Црквата, да ги благослови и овие Дарови, за да бидат добри и благопримени на Твојот Свет Жртвеник. И Ти се молам, да ги примиш, како што ја прими жртвата на Авел, славословието на пастирите, даровите на мудреците, солзите на Петар и покајанието на Разбојникот. И удостој ме секогаш да ти ги принесувам совесно. Амин.
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже, помилуј и спаси нè. Амин.
Додаток
Потребни работи за подготовка на просфора:
(можете да користите брашно за секаква употреба)
1. Три (3) чаени шолји тврдо брашно
2. Две (2) чаени шолји меко брашно
3. Две (2) чаени шолји топла вода
4. Една (1) лажичка сол
5. Свеж квасец со големина колку еден бадем.
.jpg)



Дојди, Светлино вистинска.