Молитва за пријателство

amon 1Господи Исусе Христе, Спасителу и пријателу, те молам да ги водиш и заштитуваш мојот однос со другите луѓе. Дај ми Твојата рака да ме води во милосрдност, верност и учтивост кон моите пријатели. Пази ја мојата уста и помогни ми да бидам добар слушател и дарител на охрабрувачки зборови. Дарувај ми цврст карактер, за да не учествувам во груби или незрели шеги и штетно однесување. Сочувај ме да не паднам во грев придонесувајќи кон гревовите на другите со совет, заповед, согласност, провокација или предизвик, пофалувајќи го нивниот грев, криејќи го нивниот грев, учестувајќи со нив, или со молчење или бранење на нивниот грев. Потсетувај ме да барам божествен совет кога се соочувам со тешки околности. Помогни ми да бидам отворен кога го нудам моето пријателство на другите. Дарувај ми ја Твојата милост, за да можам милостиво и мудро да се справам со сите ситуации што ќе се испречат. Амин.

Continue reading

Posted in За пријателите, Молитви | Напишете коментар

Благодарствена молитва од св. Јован Златоуст

i400

Каква пофалба, какво славословие или каква благодарност, или како да ти се оддолжиме Тебе, единствениот човекољубив Бог? Зашто кога бевме осудени на погибел и нурнати во нашите гревови, Ти ни дарува слобода и ни ја даде бесмртната и небесна храна, Телото и Крвта на Твојот Христос. Затоа ние Ти се молиме: избави нè од осудата, заедно со Твоите слуги кои Ти служат Тебе. Сочувај не нас и нив во чест и свет живот; и оние кои се молат со нас, а кои учествуваа на Твоите Тајната трпеза, сочувај ги без осуда до последниот здив. Нека примат осветување на душата и телото, држејќи ги Твоите заповеди; и да бидеме удостоени да достигнеме до Твоето Небесно Царството, заедно со сите кои Ти угодиле во сите векови, по молитвите и застапништво на нашата света, сечиста, преблагословена и славна Владичица, Богородица и секогаш Дева Марија, на Свети (името на светителот) чиј спомен го чествуваме, и на сите Твои Светии, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Continue reading

Posted in Благодарствени, Молитви | Напишете коментар

Молитва за исцеление на ближен

Wassilij_Maximowitsch_Maximow_002bХристе, наш Заштитнуку, посети и исцели го Твојот слуга (името) што страда, отстранувајќи од него секаква болест и тешка болка. Подигни го за да може да Те воспева Тебе и непрестајно да Те славослови, по молитвите на Богородица, Ти Кој си човекољубец. Милостив Господи, посети и исцели го Твојот болен слуга (името), кој сега лежи на болничка постела тешко страдајќи, како што Ти, Спасителе, некогаш си ја подигнал тештата на Петра и парализираниот човек носен на неговата постела, зашто Самиот Ти си ја понел болеста и немоќта на нашиот род, и со Тебе ништо не е невозможно, зашто си семилостив. Continue reading

Posted in За исцеление, Молитви | 1 Коментар

Молитва кон омилениот светител

image

Угоднику Божји, (името), помјани во твоите благопријатни молитви пред Христа Бога, да не’ сочува од искушенија, болести и скрби, да ни дарува смирение, љубов, расудување и кротост, и да не’ удостои нас, недостојните, на Неговото Царство. Амин.

Posted in Молитви | Напишете коментар

Молитва кога сме во страдања и маки

modern1-e1329068773290Праведен, Долготрпелив и Многумилослив Боже, Ти си ми ги испратил овие страдања затоа што ме сакаш. Ти нѐ рануваш и ги преврзуваш раните, Ти унижуваш и Ти подигаш, ги казнуваш своите чеда, но на смрт не ги предаваш. Оче небесни, за пример на трпение ни Го даде Својот сакан Син и си ми заповедал да го следам Неговиот пример. Поткрепи ме да одам по Него и по патот на тагата, за да влезам во Царството Небесно. Не дозволувај искушенијата да го истргнат Твоето Слово од моето срце, да ја ослабнат мојата вера, да ја задушат мојата молитва, да ја предизвикаат во мене нетрпеливоста и да ме натераат да негодувам против Тебе. Continue reading

Posted in Во страдања и маки, Молитви | Напишете коментар

Молитва за соборна љубов на старец Софрониј Сахаров

148278_bГосподи Исусе Христе, Агнецу Божји, Ти Кој гревот од целиот свет врз Себе го зеде; со восходот Твој на Голготската Гора Си не искупил од проклетството по Законот, и Си го обновил во нас паднатиот Твој образ; на Крстот Си ги прострел пречистите раце Твои за растурените чеда Божји да ги собереш во едно, и со испраќањето на Пресветиот Дух сите да ги повикаш во соединение. Зашто Ти Си светлост на Отецот, Кој пред исходот Свој на ова велико свето искупително свештенодејствие Си се молел на Твојот Отец сите едно да бидеме, како што Си Ти едно со Отецот и Светиот Дух. Дај ни благодат и мудрост да ја исполнуваме оваа заповед секој ден, и укрепи не во подвигот на љубовта за којашто Си ни повелал велејќи: „Да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив”. Со Светиот Твој Дух дај ни да се смируваме еден пред друг, не заборавајќи дека оној што најмногу љуби најмногу и се смирува. Научи не да се молиме еден за друг, тежината еден на друг во трпение да ја носиме и соедини не во собор на неразрушлива љубов, во едно стадо послушни овци околу возљубениот наш духовен отец Continue reading

Posted in За љубовта, Молитви, По молитвите на..., преподобен | Напишете коментар

Молитва за дар на простување

tumblr_m3lz97IcMC1qkynm4Спасителу мој, научи ме, Ти се молам, од се срце да им простувам на сите кои со нешто ме навредиле. Знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувство на омраза што се крие во мојата душа. Огрубело, Господи, срцето мое! Во мене нема љубов. Те молам, научи ме да им простувам на оние што ме намразиле, огорчиле и оскрбиле, како што Сам Ти, Спасителу мој, на Крстот им прости на непријателите Твои. Амин. Continue reading

Posted in За простување, Молитви | Напишете коментар